24фудбал

Ливерпул конечно победи, Варди трагичар на Лестер (ВИДЕО)

По четири натпревари без победа, Ливерпул конечно триумфираше, славеше на гостувањето кај Лестер со 3-2, Џејми Варди промаши пенал за реми.

Англија

Ливерпул му се реваншираше на Лестер за елиминацијата од Лига Купот на Англија победувајќи го на негов терен.

Резултатот го отвори Салах со гол со глава по асистенција од Кутињо. Осум минути подоцна Кутињо постигна убав гол од слободен удар за предност од 2-0.

Пред самиот крај на првото полувреме Мињоле исплива на една топка, тоа го искористи Оказаки и намали на 2-1.

Во 68. минута Хендерсон му донесе водство од 3-1 на Ливерпул, но веќе во следната нов погодок за Лестер, една топка дојде до главата на Варди на кого не му беше тешко да ја смести во мрежата на гостите за 3-2.

Само четири минути подоцна, судијата досуди пенал за Лестер по старт од Мињоле. Варди шутираше од белата точка, биеше речиси по средина, голманот на Ливерпул одбрани и обезбеди победа за својот тим.