24фудбал

Милик го бие тежок малер по трансферот во Наполи, пак настрадаа лигаментите!

Нов пех за Аркадиуш Милик, Полјакот сега ги скина вкрстените лигаменти на десното колено и го чека нова долга пауза

Италија

Напаѓачот се пресели на Сан Паоло во август 2016 за 35 милиони евра и требаше да биде наследник на Гонзало Игуаин, кој направи предавство и заврши во Јувентус.

Милик добро ја започна кариерата во Неапол, но за кратко време му се случи голем пех.

Тој во октомври минатата година на должност со Полска ги скина вкрстените лигаменти на левото колено, и паузираше 4-5 месеци. Иако се врати на терените во февруари, тој ниту еднаш не беше стартер за Наполи до крајот на сезоната.

Оваа сезона требаше да ги остави сите проблеми зад себе и да покаже зошто беше вложена голема сума на пари за негов ангажман, но вчера доживеа нов малер.

Тој поради повреда предвреме го заврши дуелот со СПАЛ и вечерва стигна потврда дека се оштетени вкрстените лигаменти на десното колено па Аркадиуш Милик го чека ноав долга пауза.