24фудбал

Ѓорѓев и Елмас ја пропуштаат Италија, Ангеловски го соопшти списокот за последните два квалификациски меча

Македонија се подготвува за завршните две средби од квалификациите за СП Русија 2018.

Македонија

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија идниот месец и преостануваат уште два натпревари за да го комплетира квалификацискиот циклус за Мундијалот во Русија кој се игра идната година.

Во рамките на деветтото коло од групата „Г“, нашата селекција најнапред гостува кај Италија на 6 октомври, а три дена подоцна на домашен терен ја пречекува репрезентацијата на Лихтенштајн.

Селекторот Игор Ангеловски одбра 23 фудбалери за двата натпревари, вон комбинација за Италија ќе биде дефанзивецот Ристевски поради суспензија од жолти картони, од друга страна пак Ѓорѓев и Елмас ќе бидат на располагање за младата селекција предводена од Благоја Милевски, а ќе се приклучат за Лихтенштајн, додека пак Аријан Адеми, како што се најавуваше изминатиов период и дефинитивно се врати во репрезентацијата, но тој ќе има право на настап за вториот меч, во Струмица.



Извор/Фото: ffm.mk