24фудбал

Анчелоти со бомбастична изјава за Верати и сагата со Барселона ова лето

Италијанскиот фудбалски стратег го критикуваше начинот на кој Верати се однесуваше во периодот на шпекулациите кои го селеа во Барселона.

Останато

Во пресрет на дуелот помеѓу Баерн Минхен и ПСЖ, во рамките на Лигата на шампионите, стратегот од клупата на германскиот првак, Карло Анчелоти се осврна и на Марко Верати, кого лично тој го доведе во тимот од Париз пред пет години, а му замери за една работа.

Тој никогаш не сакаше да отиде во Барселона, целата таа приказна е смешна, неговата цел беше и повеќе од јасна, да добие нов, побогат договор. Го познавам многу добро, не сакам такво однесување, некои фудбалери навистина сакаат да ги напуштат своите клубови, а некои го користат интересот на другите за да извлечат подобар договор“ истакна Анчелоти.

Анчелоти сакаше да го доведе Верати и во Реал Мадрид, како и во Баерн Минхен, но не успеа во тие намери.