24фудбал

Конте проговори за својата иднина и ги разочара навивачите на Челси

Антонио Конте брзо ги освои симпатиите на фановите на Челси успевајќи во првата своја сезона да ја освои Премиерлигата, но тој не планира долго да остане во Англија.

Англија

Конте е носталгичен кон Италија, му недостасува својата земја и не планира долго време да работи во странство.

„Имам носталгија кон Италија. Не мислам да останам во странство премногу долго. Добро е да имате прекрасни искуства, но сакам да се вратам во Италија еден ден“ - вели Конте за италијанските медиуми.

„Кина? Не, апсолутно не. Бундеслигата? Тешко е да се предвидува иднината. Ајде само да речеме дека тренерската е привремена работа“.

„Зависи од резултатите, но мојата желба е да го дадам најдоброто од мене, да завршам еден проект, па потоа да најдам друг каде ќе продолжам. Ми недостасува Италија, тоа е факт“.

„Но ова искуство ми помага многу. Исто така сакам да станам и спортски директор во иднина“.

„Дали ние италијанците сме подобри тренери од англичаните? Па речиси и да нема англиски тренери во Премиерлигата“.

„Тука има од секаде, но секој е добар, подготвен и еден од најдобрите во светот“.