Категорија: Италија 25.09.2017 17:12
Според информациите кои пристигнуваат, се вели дека претседателот на италијанскиот шампион Јувентус, Андреа Ањели доби суспензија од една година, а тамошните медиуми велат дека причината за оваа казна е недозволено продавање на влезници на ултрасите на тимот од Торино.
Истовремено, клубот е казнет со 300.000 евра, а дополнително се бараше Јувентус да игра два натпревари без публика, ова барање беше одбиено од страна на судот при Фудбалскиот сојуз на Италија.