24фудбал

Навивачите на Баерн Минхен со порака до ПСЖ, во истата се најде и Нејмар (ФОТО)

Навивачите на германскиот бундеслигаш гневни на одлуката на Париз Сент Жермен.

Лига на Шампиони

ПСЖ го „среди“ Баерн Минхен совладувајќи го пред својата публика со 3-0 во Лигата на шампионите.

Сепак, на трибините гостите имаа и своја поддршка, а тие извадија транспарент со кој ги критикуваа домаќините.

75 евра за влезница? Ние не сме Нејмар. Цените на влезниците мораат да бидат разумни“ пишуваше во нивната порака алудирајќи на високите цени на влезниците за дерби мечот во Париз.

Дури и за германските стандарди беа високи цените на влезниците за мечот во Франција, а тие не заборавија и да напишат нешто во конотација на скапиот трансфер на Нејмар во ПСЖ ова лето за неверојатни 222 милиони евра.


Фото: Bayern Munich (Twitter)

 

Фото-вест: uefa.com