24фудбал

Баерн Минхен му врачи отказ на Карло Анчелоти

Убедливиот пораз од ПСЖ ја прели чашата кај раководството на Баерн Минхен по што денеска му е врачен отказ на Карло Анчелоти.

Германија

Баерн Минхен не беше импресивен минатата сезона иако без поголеми проблеми ја освои Бундеслигата. Но Баварците беа уште полоши на почетокот од оваа сезона.

Дел од играчите негодуваа на одредени одлуки на Карло Анчелоти, а лошата атмосфера во соблекувалната се одразуваше и на игрите на теренот.

ПСЖ синоќа беше доминантен во однос на Баерн Минхен и победи со убедливи 3-0, тоа очигледно беше само поттик одлуката за отказ на Анчелоти да биде побрзо донесена.

Карло Анчелоти по 15 месеци заминува од Кормилото на Баерн Минхен кој е во потрага по негова замена.