24фудбал

„Непријателот во вашиот кревет е најопасен” – Хенес убаво објасни што лежи зад отказот на Анчелоти

Првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес ги откри причините за отказот на тренерот Карло Анчелоти, Италијанецот ја изгубил соблекувалната и дури пет клучни играчи му го свртеле грбот

Германија

По поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите, „Баварците“ посегнаа по еден потег кој не е типичен за нив, барем не во последните неколку години.

Шампионот на Германија попладнево му врачи отказ на тренерот Карло Анчелоти.

Ули Хенес вечерва проговори зошто се одлучилие на еден ваков потег и посочи дека Италијанецот ја изгубил соблекувалната, дури пет клучни играчи му го свртеле грбот на стратегот.

„Како тренер, не можете да си дозволите ѕвездите во тимот да бидат ваши непријатели – вели првиот човек на Баерн.

„Во мојот живот научив една изрека „непријателот во вашиот кревет е најопасен“. Затоа моравме да реагираме.

„Според мене, тренерот во последните неколку дена со своите одлуки придонесе пет клучни играчи да му го свртат грбот.

Останува да се види во следните денови кои се овие играчи кои му се спротивставиле на Карло Анечлоти, низ медиумите од Германија веќе почнуваат да кружат одредени имиња.