24фудбал

Билд ги открива петмината играчи поради кои Анчелоти доби „клоца“ од Баерн

Ули Хенес вчера истакна дека пет клучни играчи му се спротивставиле на Карло Анчелоти па затоа стратегот добил отказ, Билд сега ги открива имињата на бунтовниците

Германија

Искусниот Италијанец ја загуби соблекувалната на Алианц Арена и тоа го чинеше работата. Ѕвездите на Баерн му го свртеа грбот на Карло Анчелоти и тој вчера доби отказ.

„Непријателот во вашиот кревет е најопасен“ – беше фразата која Ули Хенес ја употреби за убаво да објасни што лежи зад разделбата со тренерот, и откри дека пет клучни играчи му се спротивставиле на Карло Анчелоти.

Реномираниот германски весник Билд сега пишува кои се бунтовниците поради кои настрада Италијанецот.

Ветераните Рибери и Робен заедно со германското трио, Хумелс, Боатенг и Милер се фудбалерите кои му го свртеле грбот на стратегот.

Некои од нив и јавно влегоа во војна со Карло Анчелоти. Прв беше Томас Милер кој изрази незадоволство од малата минутажа, а потоа Рибери нервозно го фрли дресот откако беше заменет против Андерлехт.