24фудбал

Пике едвај се воздржа да не заплаче: Јас сум горд Каталонец, ако некому сметам нема да играм за Шпанија!

Жерард Пике со многу емоции разговараше по крајот на средбата помеѓу Барселона и Лас Палмас, дефанзивецот вели дека тој е горд Каталонец и денешниот ден го опиша како најлошо искуство како професионалец

Шпанија

Барса побара да биде одложен дуелот со Лас Палмас поради тензичната атмосфера на улиците откако властите од Мадрид се обидоа да го спречат референдумот за независност на Каталонија.

Но откако Фудбалската федерација на Шпанија и Ла Лига не дадоа зелено светло, средбата се одигра зад затворени врати поради безбедносни причини.

По крајот на натпреварот Жерард Пике разговараше со новинарите. Дефанзивецот, кој веќе гласаше за независност и бил еден од играчите кои не сакале да играат против Лас Палмас, со многу емоции го кажа своето мислење.

„Бордот се обиде да го одложи натпреварот, клубот и играчите разговараа и на крајот беше одлучено дека ќе играме“ - вели Пике. „Тешко е да се игра без публика. По она што се случуваше денеска, ова е моето најлошо искуство како професионалец. Ова е мoнгу тежок ден“.

„Имаше аргументи за одложување и аргументи за да се одигра средбата. Ла Лига и Лас Палмас бараа да се игра, па клубот донесе одлука. Моето мислење не вреди многу во оваа ситуација. Јас кажав што мислам, другите кажаа што тие мислат, но на крајот од денот ние сме клуб и сите сме заедно“

Тој потоа говореше и за гласањето за независност: „Одите на гласање, гласата ЗА, ПРОТИВ или не одбирате ништо, но гласате. Во режимот на Франко не можевме да ги браниме нашите идеи. Јас сум и се чуствувам како Каталонец и горд сум на овие луѓе, на нивното однесување. Ниту еднаш немало акт на агресија“.

„Мислев дека ќе го сопрат референдумот на мирен начин. Но полуцијата употреби брутална сила, сите можеа да го видат тоа, сликите говорат сами за себе. Ова е една од најлошите одлуки во последните 50 години. Со ова што го направија, уште повеќе ја одалечија Каталонија од Шпанија“.

Околу повиците тој да биде исфрлен од репрезентацијата на Шпанија, Пике вели: „Знам дека има многу луѓе кои не го оправдуваат она што се случува. Ако селекторот или некој од федерацијата мисли дека сум проблем, ведаш ќе се повлечам и ќе го напуштам националниот тим пред 2018“.