24фудбал

Погледнете како би изгледал составот на репрезентацијата на Каталонија (ФОТО)

Во исчекување на конечниот расплет околу ситуацијата со шпанската покраина, светските медиуми веќе почнаа да пишуваат и за изгледот на потенцијалната фудбалска репрезентација на Каталонија.

Шпанија

На вчерашниот референдум за независност на Каталонија кој беше означен како нелегален од Шпанија, дури 90 проценти од гласачите беа „ЗА“ независност. Вчерашниот настан не го потресе само политичкото тло, туку и спортското, ако се земе во предвид дека Барселона на фудбалски план е во фокусот на вниманието по овие збиднувања.

Доколку дојде до ситуација Каталонија да се одвои од Шпанија, доста промени би претрпело тамошното фудбалско првенство, како и изгледот на селекцијата на Шпанија.

Каталонија во тој случај би повлекла неколку фудбалери од репрезентацијата на Шпанија, кои воглавно доаѓаат од Еспањол и пред сеБарселона.

Веќе се шпекулира за почетниот состав на Каталонија, а во него веќе се најдоа фудбалери од типот на Цеск Фабрегас, Телјо, Кркиќ, како и резервниот голман на Реал Мадрид, Кико Касилја.


Како и да е, од друга страна селекцијата на Шпанија и натаму би имала респектабилен состав, кој би изгледал на овој начин...