24фудбал

„Тренинзите на син ми се понапорни“ - Робен и ѕвездите на Баерн разочарани од Анчелоти, си тренирале сами

Холандскиот интернационалец без влакна на јазикот удри по италијанскиот стратег кој доби отказ на клупата на Баерн Минхен.

Германија

Карло Анчелоти се здоби со отказ на клупата на германскиот првак Баерн Минхен, но и после се, тој и натаму е во фокусот на вниманието, а познато е дека петмина фудбалери на бундеслигашот организирале завера против него, германски „Билд“ пред извесен период ги откри имињата на тие фудбалери, меѓу кои се најде и Архен Робен.

Билд ги открива петмината играчи поради кои Анчелоти доби „клоца“ од Баерн

Кикер сега пишува дека ѕвездите на Баерн Минхен имале проблеми со тренинзите на Карло Анчелоти, односно интензитетот на сесиите.

Уште пред неколку месеци, Мануел Нојер, Томас Милер и Џером Боатенг тропнале на вратата на Карл Хајнц Румениге и се пожалиле за слабото ниво на тренинзите.

Но не биле само тие, голем број од фудбалерите не биле задоволни од работата, а најгласен во критиките бил Арјен Робен, кој одел со аргументот: „Тренинзите на мојот син се понапорни.

Со оглед на тоа дека Карло Анчелоти одбил да го промени пристапот на работата, ѕвездите на Баерн одлучиле сами да работат додатно. На Италијанецот не му се допаднало ова, па тој ги забранил индивидуалните тренинзи.

Но тоа не ги поколебало играчите, кои продолжиле со тајни тренинзи зад грбот на стратегот.