24фудбал

Медиумите на Островот без милост кон Македонецот, Алиоски „исфрлен“ од почетниот состав на Лидс! (ФОТО)

Суров е англискиот фудбал, ако се земе во предвид огромниот притисок кој се прави постојано врз фудбалерите кои настапуваат во тамошниот шампионат, се внимава врз сите можни детали, а редовно се следи сечие издание.

Македонија

Лидс и покрај двата порази во серија и натаму добро котира на табелата во Чемпионшип дивизијата, по 11 одиграни кола има освоено 20 бодови со што е на делба на четвртото место.

Сепак, медиумите на Островот постојано пишуваат за нашиот 25 годишен репрезентативец и член на Лидс, Езгјан Алиоски, во последниот период само критики одат на негова адреса, откако постигна само еден гол во десетте одиграни меча досега, а истиот, како за потсетување беше избран за гол на месец август во лигата.

Британски „Football world под насловот „3.6 милион фунти вреден фудбалер ИН, Алиоски АУТ: Дали ова е најдобрата почетна постава на Лидс во овој момент?“ најави дека нашиот фудбалер би можел да биде вон стартните 11 во тимот на данецот со шпански пасош, Томас Кристиансен.


Она што е интересно, на местото на Алиоски, медиумите на Островот го „форсираат“ 28 годишниот холандски интернационалец и некогашен репрезентативец на таа земја, поранешниот фудбалер на Ајакс и Њукасл, Вурнон Анита, кому природниот простор за игра му е во дефанзивата, па тие го поставија дури како десно офанзивно крило.


Целата основа на овој почетен состав се заснова на оценките кои се добиени во натпреварите во Англија одиграни досега во тимот на Лидс, а истите може да се проследат на „whoscored.com“.

 

Извор: footballleagueworld.co.uk