24фудбал

Гвардиола знае кој ќе го наследи Анчелоти во Баерн (ФОТО)

Пеп Гвардиола денеска имал средба со лидерите на Баерн Минхен и бил известен за наследникот на Карло Анчелоти, Шпанецот дал зелено светло за изборот на „Баварците“

Германија

Шампионот на Германија е во потрага на нов тренер откако Карло Анчелоти доби отказ по поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите.

Две имиња се посочуваат како главни фаворити, а тоа се поранешниот предводник на Борусија Дортмунд, Томас Тухел и стратегот на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман.

„Баварците“ веќе донеле одлука и за својот избор го известиле Пеп Гвардиола, кој вчера пристигнал на Октоберфест, а поестата на Минхен ја искористил и за средба со своите поранешни работодавци.

Шпанецот денес имал средба со Карл Хајнц Румениге и Ули Хенес.

Првиот човек на Баерн го потврди ова и рече: „Се работеше за чисто пријателски разговор но секако дека разменивме идеи. Му кажав кого ќе го именуваме за нов тренер во следните денови и тој целосно се сложи со нашиот избор.

Медиумите од Германија, судејќи според ваквата изјава, велат дека Томас Тухел е изборот на Баерн Минхен, бидејќи Пеп Гвардиола има високо мислење за него.