24фудбал

Баерн изненади со изборот за наследник на Анчелоти

Билд вечерва го објави името на наследникот на Карло Анчелоти, Баерн Минхен изненади со изборот и го враќа човекот кој им го донесе најголемиот успех, Јуп Хајнкес

Германија

Откако „Баварците“ му врачија отказ на Карло Анчелоти по поразот од ПСЖ, неколку имиња се поврзуваа со кормилото на Алианц Арена.

Томас Тухел важеше за прв кандидат, а како најсериозен конкурент се посочуваше Јулијан Нагелсман.

Вчера во игра влезе и Луис Енрике, но на крајот Баерн се реши за чекор кој ги изненади сите.

Билд вечерва објава дека изборот паднал на Јуп Хајнкес, човекот кој на „Баварците“ во 2013 им донесе историска тројна круна и триумф во Бундеслигата, Лигата на Шампионите и Купот на Германија.

Стратегот по ова достигнување замина во пензија, но сега ќе се врати за да помогне до крајот на сезоната.