24фудбал

Бучната атмосфера предизвикана од фанатичните Турци не била главниот проблем за Тимо Вернер

Младиот Германец го загрижи и дел од раководството на Лајпциг, кое истакна дека не е време за претпоставки, туку за решенија околу проблемот.

Германија

Репрезентативецот на Германија а воедно и член на тамошниот бундеслигаш Лајпциг, Тимо Верне имаше проблеми на мечот во Истанбул од Лигата на шампионите, против Бешикташ, мораше да биде заменет по само 32 минути минати на теренот.

Многумина шпекулираа околу тоа зошто Германецот предвреме го напуштил теренот, дури се отиде до таму дека наводно му сметала бучната атмосфера од трибините кои ја предизвикаа фанатичните Турци, но тој сепак имал здравствени проблеми.

Според информациите кои пристигнуваат од Германија, вистинската причина за младиот германски фудбалер е тоа што тој има проблеми со дишењето и со циркулацијата, а тој воедно пати и од вртоглавица.

Вернер не беше во составот на Лајпциг за дуелот против Келн изминатиот викенд, а го пропушти и собирот на својата репрезентација за завршницата од квалификациите за СП Русија 2018, постои загриженост во германскиот бундеслигаш околу неговата ситуација.

Невозможно е да мисли на натпревари во овие моменти, загрижени сме за него, тоа е јасно. Во Истанбул имавме една необична ситуација, симптомите му се повторија и во петокот, сега мораме да бидеме внимателни, мораме да пронајдеме лек и решение за овој проблем, нема поента да претпоставуваме за што се работи“ истакна спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник во изјава за „Кикер“, а младиот Германец сега чека на дијагноза и терапија од докторите.