24фудбал

ПСЖ има план како да го ангажира Санчез идното лето

Богатиот француски клуб не се откажува од трката по Чилеанецот чиј договор со Арсенал истекува идното лето.

Франција

Париз Сент Жермен е сериозен во намерата да го ангажира Алексис Санчез идното лето, во тоа ќе има голема конкуренција во Манчестер Сити кој се чини дека беше наблиску до таа цел изминатото лето.

Дел од француските медиуми најавуваат дека следното лето ПСЖ ќе се врати во битката за потписот на Чилеанецот кому му истекува актуелниот договор со Арсенал, а желба за продолжување на соработката со англискиот премиерлигаш нема.

Сепак, по соборувањето на рекордот со ангажманот на Нејмар, како и доведувањето на Мбапе, ПСЖ ќе мора да го продаде Кавани за да ги балансира „сметките“ околу финансискиот фер плеј, токму тоа се намерите на тимот од Париз, кои ги пренесува „Le Parisien“, медиум близок до клубот.