24фудбал

Јуп Хајнкес се враќа во Баерн Минхен!

Германскиот весник „Билд“ пишува за голем камбек на легендарниот Јуп Хајнкес на клупата на Баерн Минхен, наскоро оваа информација треба да биде и официјално потврдена од клубот.

Германија

Баерн Минхен остана без тренер откако клубот одлучи да се раздели со Карло Анчелоти по неубедливиот почеток на новата сезона.

Отказот на Анчелоти и не беше некое големо изненадување, но медиумите во Германија најавуваат сензационално враќање на 72 годишниот Јуп Хајнкес на клупата на Баерн.

Ова ќе биде четврти пат како Хајнкес седнува на клупата на Баерн Минхен. Сезоната која сите Баварци ја паметат беше во 2013 година кога на клубот му ја донесе тројната круна, титула во Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите.

По таа сезона Јуп Хајнкес соопшти дека ја завршува тренерската кариера, но очигледно искусниот тренер се предомислил.