24фудбал

За едни, голот на Дракслер е најдобар на месецот во Франција, за други не е ниту во номинациите... (ВИДЕО)

Германецот го постигна најдобриот гол за месец септември во француската Лига 1, но, во изборот на фудбалскиот портал „Гол“.

Франција

ПСЖ е во страшна серија, а во последниот меч пред своја публика, во рамките на осмото коло од Лига 1 славеше со 6-2 над Бордо, еден од погодоците на овој меч не само што се најде во изборот за гол на месец септември, туку и го освои тоа признание.

Голот на месецот му припадна на Германецот Хулијан Дракслер кој погоди за 5-1 на мечот во Париз, а конкуренцијата за тоа признание беше навистина големо...


Сепак, изборот на Дракслер падна од страна на фудбалскиот портал „Goal, што се однесува пак до официјалниот избор на француската Лига 1, тој не се најде ниту во номинациите.