24фудбал

Македонија со поддршка од трибините на „Олимпико“ во Торино (ФОТО)

Малкубројни, но сепак ги има на трибините од фудбалската арена во Торино.

Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва го игра дуелот против Италија на гостински терен на „Олимпико“ во Торино, во претпоследното, деветто коло од квалификациската група „Г“ за пласман на СП Русија 2018.

Трибините на фудбалската арена во Торино не се исполнети до последното место, а на истите бележиме и македонски фанови, кои ќе бидат ветер во грб за нашите фудбалери за дуелот против големиот фаворит на вечерашната пресметка.