24фудбал

Австрија и го скрати славјето на Србија, Исланд ја понижи Турција на нејзин терен, Финска ја шокираше Хрватска (ВИДЕО)

Комплетирано е претпоследното, деветто коло од квалификациите за СП Русија 2018.

Останато

Австрија ја скрати радоста на Србија со победата од 3-2 во мошне возбудливиот меч од групата „Д“, а на Србите им беше потребна победа од дуелот во Виена, победа која ќе им го визираше пласманот на Мундијалот идната година.

Први поведоа гостите преку Миливојевиќ во 11. минута, но домаќините возвратија со голот на Бургшталер во 25. минута.

Во второто полувреме три погодоци, најнапред Арнаутовиќ ја доведе селекцијата на Австрија за прв пат во водство на овој натпревар, откако погоди во 76. минута, но гостите преку Матиќ во 83. минута стигнаа до израмнување кое го сочуваа седо 89. минута кога Шауб донесе победа за Австрија која со овој резултат ја искомпликува ситуацијата во оваа група.






По ова, конечниот расплет во групата „Д“ ќе се одлучува во последното коло, откако три екипи се во борба за двете места, од кои првото носи директен пласман, а второто влегува во конкуренција за најдобрите второпласирани селекции по групите од квалификациите.

Табела: Србија 18, Велс 17, Ирска 16, Австрија 12, Грузија 5 и Молдавија 2.

Во последното коло од оваа група Србија ја пречекува Грузија, додека Велс игра пред своја публика против Република Ирска.

Хрватска доживеа шок на мечот против Финска на домашен терен во рамките на групата „И“ каде испушти победа во Ријека во самиот финиш од оваа средба.

Манџукиќ во 57. минута му донесе водство на домаќинот, но гостите со голот на Соири во 90. минута ги шокираа домаќините одзимајќи им два бода кои сега можат да значат елиминација од трката за пласман на Мундијалот.


Резултатот од Ријека е шокирачки за Хрватите, а тоа го искористи Исланд, кој во Ешкишехир со 0-3 ја понижи селекцијата на Турција и тоа со погодоците на Гудмундсон (32), Бјарнасон (32), односно Арнасон (50’).




Со тоа, Исланд го презеде лидерското место во групата со 19 бода, по неа следат Хрватска и Украина со по 17, додека пак, по нив се Турција (14), Финска (8), како и Косово (1).

Во последното коло од оваа група, Хрватска гостува кај Украина, додека пак Исланд го пречекува Косово.


Резултати од вечерашните средби:

Грузија – Велс 0:1

Австрија – Србија 3:2

Хрватска – Финска 1:1

Република Ирска – Молдавија 2:0

Италија – Македонија 1:1

Косово – Украина 0:2

Лихтенштајн – Израел 0:1

Шпанија – Албанија 3:0

Турција – Исланд 0:3