24фудбал

Пандев го има рецептот за „Аѕурите“: Треба да се игра на контри, само така може до добар резултат

Горан Пандев објасни како Македонија стигна до голем бод на гостувањето кај Италија, цврста игра во одбраната и брзи контри се рецептот за успех

Македонија

„Црвено-жолтите“ имаа уште едно одлично издание против „Аѕурите“, но за разлика од средбата во Скопје кога останавме со празни раце, избраниците на Ангеловски вчерва се изборија за реми и голем бод.

Италија поведе преку Кјелини, но во вториот дел, Александар Трајковски го матираше Џиџи Буфон за 1-1.

„Мислам дека се браневме добро и го извадивме максимумот од контра нападите – рече Горан Пандев за Раи по крајот на натпреварот.

„Така се игра против големите репрезентации, во спротивно ќе примите три или четири гола.

„Имаме млади играчи кои постојано бележат прогрес и се надевам дека ќе бидеме уште подобри во иднина.

Запрашан дали „Аѕурите“ треба да стравуваат за учеството на мундијалот во Русија, Пандев вели: „Мислам дека Италија има одличен состав со многу шампиони и ќе патува за Русија.

„Можеше да се види дека вечерва немаа за што да играат, бидејќи знаеа дека и онака ќе бидат втори.