24фудбал

Роналдињо: Милан ќе биде подобар следната сезона

Роналдињо предвидува дека Милан ќе биде подобар наредната сезона, а за оваа смета дека и топ четири е тешка мисија.

Италија

Милан имаше богат преоден рок, направи комплетен ремонт на тимот, добро ја почна сезоната, но не импресионираше на последните неколку меча во Серија А.

„Мислам дека следната сезона ќе бидат уште посилни“ - изјави Роналдињо кој три години го носеше црвено-црниот дрес.

„Ќе биде тешко оваа сезона да се пласираат во Лигата на шампионите, но за тим со историјата на Милан ништо не е невозможно“.

„Кога јас бев во Милан мислев дека Берлускони и Морати никогаш нема да ги продадат клубовите. Бев среќен во Милан, ајде сега да видиме како ќе се развива тимот понатаму“.