24фудбал

ПСЖ следното лето ќе сруши нов рекорд, ќе добиеме нов најскап голман, еве ги кандидатите

Медиумите од Франција пишуваат дека „Светците“ не се здоволни Алфонс Ареола и Кевин Трап, па следното лето ќе го оврзат ќесето за ангажман на голман од светска класа

Франција

ПСЖ ова лето искешира 222 милиони евра за ангажман на Нејмар, а го донесе и Килијан Мбапе за 180 милиони евра, сума која ќе биде платена по 12 месеци.

„Светците“ сега на располагање веројатно го имаат најдобриот напад во Европа, но за доминација на Стариот континент потребни се уште неколку делови од сложувалката.

Голманската позиција веројатно е најслабата алак во овој тим на ПСЖ, лидерите на клубот не се задоволни од Алфонс Ареола и Кевин Трап, па следното лето ќе го одврзат ќесето за ангажман на голман од светска класа.

На листата со желби се издвојуваат две имиња, Јан Облак од Атлетико Мадрид и Давид Де Хеа од Манчестер јунајтед.

Според „Ле 10 Спорт“, Де Хеа е фаворит бидејќи е поевтина опција. Единствен начин да се купи Јан Облак е да се плати неговата откупна клаузула која изнесува 100 милиони евра.

Спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике веќе стапил во контакт со Жорж Мендеш, и го опипал теренот за можен трансфер на Шпанецот на Паркот на Принцовите.

Давид Де Хеа со години се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, па останува да се види дали ПЖС ќе може да направи уште една рекордна зделка со која ќе им ги поремети плановите на гигантите од Европа и да испрати јасна порака за амбициите.