24фудбал

Трајковски му го разниша столчето на Вентура, Конте се враќа на помош за Италија?

Селекторот на Италија е под голем притисок, веќе почнува да се шпекулира околу неговиот наследник.

Италија

Македонија и откина два бода на силната Италија во претпоследното коло од квалификациите за СП Русија 2018, а ако се земе во предвид и високиот и убедлив пораз кај Шпанија со 3-0, расплетот на околностите значеше само второ место во групата „Г“ за четирикратниот светски првак, односно пласман во баражот од каде ќе се бара место на Мундијалот кој се одржува идната година.

Веќе подолг период Џан Пјеро Вентура е под притисок од италијанската јавност, а голот на Трајковски за реми во Торино само дополнително му го разниша селекторското столче нему. Италија синоќа со триумф од 1-0 над Албанија ги заврши квалификациите, но играта на фаворитот беше уште еднаш очајна.

Веќе се шпекулира дека Вентура нема уште долго да издржи на кормилото на Италија, а како негова замена се најавува поранешниот селектор на Аѕурите, Антонио Конте, инаку моментално тренер на Челси.


Поранешниот стратег од клупата на Јувентус, ја предводеше Италија во периодот 2014/16. година, пред да стане шеф на стручниот штаб на Челси, во неговото прво искуство во англиската Премиерлига.


Извор: thesun.co.uk