24фудбал

Интер се кае за сите пари, Инсиње како дете паднал на тестирањата во Милано, причината – банална! (ФОТО)

Медиумите во Италија објавија фотографија од Инсиње во дресот на Интер, тоа е всушност за време на негово тестирање во калчолигашот од Милано.

Италија

Дека Наполи игра преубав фудбал во Европа нема никакви дилеми, можеби и најдопадливиот фудбал го игра во моментов, а тимот од Неапол со седум максимални победи досега е лидер во Серија А.

Еден од предводниците на тимот е 26 годишниот офанзивец Лоренцо Инсиње, воедно и репрезентативец на Италија, чија кариера тешко се градела во неговите мигови од детството.

Медиумите во Италија на големо пишуваат за тоа дека неговата висина била главен проблем за да стекне доверба кај поголемите клубови, еден од оние кои секако направил „утка“ со Инсиње е токму Интер, а постои и фотографија од негово тестирање во тимот од Милано кое завршило неуспешно, најмногу поради неговата висина, како и повеќето претходно.


Несомнено Инсиње е еден од најдобрите офанзивци во Европа, има важечки договор со Наполи до 2022. година а клубот од Неапол при евентуална негова продажба би можел да добие богатство.