24фудбал

Им се удри од глава, Чиле нема да оди на светско поради жалбата која сами ја доставија до ФИФА!

Чиле не обезбеди пласман на мундијалот во Русија откако резултатите од последното коло не им одеа во корист но и поради една жалба која сами ја доставија до светската куќа на фудбалот

СП 2018

Квалификаците за СП 2018 во Јужна Америка имаа драматичен крај, во кој Чиле се збогува со мундијалот.

„Ла Роха“ загуби со 3-0 на гостувањето во Бразил, а не им одеа во корист ниту резултатите на другите натпревари.

Се хет-трикот на Меси, Аргентиан со 1-3 славеше против Еквадор, а си голот на Гереро во 76. минута, Перу се избори за бод против Колумбија.

Но целиот расплет е уште поболен доколку во предвид се земе дека на оваа ситуација влијаеше и жалбата која Чиле ја достави до ФИФА.

Имено, Чиле на почетокот од квалификациите одигра реми од 0-0 против Боливија, но гостите на терен имаа играч кој немаше право за настап.

Се работеше за Нелсон Кабера кој е роден во Парагвај. Тој ги исполнува условите за добивање на државјаноство бидејќи престојувал во Боливија три години, но според правилата на ФИФА, треба да биде жител пет години.

Па светската куќа на фудбалот на Чиле му додели службена победа од 3-0 и три бода.

Сепак, покрај Чиле се жалеше и Перу. Перу загуби со 2-0, а и нивниот резултат беше поништен и тие добија службени 0-3 и три бода.

Но пресудата за Чиле значи само два бода повеќе, бидејќи тие веќе имаа еден од првичниот исход на натпревар, а за Перу цели три.

Без бодовите од жалбата, Чиле ќе беше на петтата позиција со 24 бода и ќе играше бараж со Нов Зеланд, а Перу ќе беше седми со 23.

Но сега Перу е тој кој се фати за последната сламка и ќе игра бараж за мундијалот во Русија.