24фудбал

Џои Бартон се посомнева во головите на Меси: Чудно однесување и движење на фудбалерот со број „23“ (ФОТО+ВИДЕО)

Контроверзниот англиски фудбалер, член на Барнли се сомнева во регуларноста на головите на Аргентинецот.

Останато

Аргентина со триумф од 1-3 на гостувањето кај Еквадор го фати последниот воз за Мундијалот во Русија, а за регуларноста во победата на Гаучосите се посомнева Џои Бартон.


Утрово имав можност да ги проследам головите на Меси, нешто не е во ред со движењето и однесувањето на фудбалерот со број 23 од Еквадор“ напиша Бартон на социјалните мрежи.

Интересно, станува збор за 22 годишниот дефанзивец Дарио Аимар, инаку фудбалер на еквадорска Барселона, кој во првиот гол на Меси не реагираше, а во третиот направи грешка при што топката дојде токму до првата ѕвезда на Аргентина кој со хет-трик ја одведе својата селекција на Мундијалот во Русија идната година.