24фудбал

„Имаме пари да го купиме Кутињо во јануари“ - дали Барса пак ќе тргне по Бразилецот?

Генерaлниот директор на „Каталонците“, Оскар Грау вели дека во буџетот има доволно средства за Филипе Кутињо да биде ангажиран во зимскиот преоден рок

Шпанија

Бразилецот цело лето се поврзуваше со трансфер на Камп Ноу, беа доставени неколку понуди но „Црвените“ не сакаа да слушнат за продажба на плејмејкерот.

Барса потоа се пожали дека Ливерпул им побарал 200 милиони евра, и затоа тие се откажале од Филипе Кутињо.

Но гласините не престануваат, се говори дека играчот останува на радарот на Барса, и во јануари би можело да биде доставена нова понуда.

Овие шпекулации сега ги подгреа генералниот директор, Оскар Грау, кој денеска порача: „Имаме пари во јануари да го купиме Филипе Кутињо или било кој друг фудбалер“.