24фудбал

Палермо чека услуга од Македонија, Ангеловски им порачува: Ќе видиме...

Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација говори во интервју за медиум од Сицилија.

Македонија

Игор Ангеловски, селекторот на Македонија во интервју за сицилијанскиот медиум „Giornale di Sicilia“, одговара на неколку прашања во однос на Палермо и нашите репрезентативци кои се дел од италијанскиот второлигаш, Александар Трајковски и капитенот на таа екипа, Илија Несторовски.


Во однос на Несторовски, Ангеловски вели дека се развива во негов посебен стил на фудбалер.

Несторовски се развива премногу во неговата кариера, тој се развива на негов посебен начин на играње. Тој имаше одлични изданија во Хрватска, исто и во Палермо откако дојде во клубот. За него е големо постигнување да погодува во Италија, тој е одличен напаѓач и знае како да создаде опасност во казнениот простор на противникот, да се има фудбалер како него во тимот е премногу важно“ вели Ангеловски.

Тој додава дека ги следи натпреварите на Палермо, а воедно верува дека оваа екипа од Сицилија е подготвена за враќање во најсилниот шампионат на Италија.

Ги следам натпреварите на Палермо, играат навистина добар фудбал и се една од екипите кои се подготвени да се вратат во Серија А. Имаат добар состав и мислам дека можат да се фокусираат на зацртаната цел. Верувам во Палермо, и верувам во моите фудбалери. Сигурен сум во нивното враќање во Серија А бидејќи тоа е важен клуб и заслужува да игра во најсилната лига на Италија“ вели тој.


Палермо и репрезентацијата на Македонија имаат одлична соработка, тврди Ангеловски.

Имаме одлична соработка со клубот. Имавме и средба пред натпреварот со Италија и му посакувам многу среќа на Палермо во нивните амбиции сезонава. Имаат двајца македонски фудбалери во тимот кои предизвикуваат големо внимание, се што можам да кажам е дека се надеваме на нивни најдобри изданија во тимот

Во однос на идниот месец каде е предвидено нашата селекција да има пријателски натпревар, Ангеловски не одговори конкретно дали ќе бидат повикани и обајцата фудбалери на Палермо.

Се чини дека Несторовски и Трајковски ќе бидат од голема помош за својот тим да останат на Сицилија, со оглед на тоа што Палермо има густ распоред а води битка за враќање во елитата на Италија, можеби и тоа и се очекува од клубот, обајцата Македонци да бидат ослободени, но...

Не можам конкретно да ви одговорам на тоа, бидејќи се уште не сум ја донел одлуката кого ќе повикам во ноември. До тогаш нема да направам никаква одлука во однос на листата на фудбалери“ вели Ангеловски, а познато е дека Палермо игра во грч на натпреварите на кои ги нема во составот Несторовски и Трајковски.

Во однос на баражот во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија идната година, за Ангеловски нема дилеми дека Италија ќе биде успешна во таа фаза.

Мислам дека Италија нема да има проблеми и воедно ќе се најде помеѓу репрезентациите учесници на Светското првенство. Аѕурите имаат убав фудбал, имаат традиција на учество на големите натпреварувања“ заврши Ангеловски во интервјуто.

 

Извор: Giornale di Sicilia