24фудбал

На Лајпциг за влакно му „избегал“ Мбапе, неговиот татко имал само еден услов...

Спортскиот директор на германскиот бундеслигаш открива, Лајпциг го „имаше“ Мбапе во 2015. година.

Македонија

Најскапиот тинејџер во историјата на фудбалот бил на чекор до трансфер во германскиот бундеслигаш Лајпциг пред две години, кова овој клуб беше дел од второлигашкото друштво на Германија, ова го открива поранешниот спортски директор и тренер на Лајпциг, Ралф Рагник.

Малку недостасуваше... Проблемот беше во тоа што во тие моменти се разделивме со тренерот Александар Ѕорнигер, тоа беше по зимската пауза и не знаевме кој ќе биде иден тренер и како сето тоа ќе изгледа...“ открива Радник.


Според неговата верзија на оваа приказна, таткото на Килијан Мбапе имал само еден услови за овој трансфер да се реализира.

Неговиот татко ми даде потврден одговор, постоеше интерес, но тој ми постави услови, Килијан да потпише во случај да му ветам дека ќе бидам тренер на Лајпциг. Во тој момент не можев да дадам такво ветување“ додаде Рагник.

Како што е познато, Рагник го презеде кормилото во Лајпциг и го внесе тимот во Бундеслигата, а потоа за шеф на стручниот штаб на тимот беше поставен Ралф Хасенхут.