24фудбал

Карвахал повеќе нема срцеви проблеми, но...

Здравствениот третман кај фудбалерот мина успешно, Карвахал засега нема проблеми, но мора да продолжи со рехабилитација.

Шпанија

Кај репрезентативецот на Шпанија а воедно и член на Реал Мадрид, Дани Карвахал беше пронајдена инфекција која за момент крена паника околу здравствената ситуација на фудбалерот.

Сепак, според најновите информации кои пристигнуваат, се вели дека фудбалерот сега се чувствува многу подобро, лекарските третмани вродиле со плод па така Карвахал сега нема проблеми од кои се стравуваше негово подолго отсуство од терените.

Карвахал ќе продолжи со рехабилитацијата но засега се уште не е познато кога ќе биде подготвен за враќање на терените. Инаку, симптомите на перикардитис кои се впрочем мошне сериозни, можат да бидат слични на срцев удар, а најчесто се манифестираат со ненадејни силни болки во градите.

Претходно, се шпекулираше дека фудбалерот на мадридски Реал би можел да биде вон комбинација за настап најмалку две месеци.