24фудбал

Почетниот состав на повредени ѕвезди од Премиерлигата делува застрашувачки (ФОТО)

Листата е долга, а истите фудбалери се од големо значење за своите екипи во остварувањето на нивните амбиции сезонава во Премеирлигата.

Англија

Викендов на програмата се натпреварите од осмото коло во англиската Премиерлига, а во истото нема да имаме можност да гледаме неколку значајни фудбалери за своите екипи.

Веќе е составен и почетниот состав од 11 ѕвезди кои се вон комбинација за настап во своите тимови, меѓу кои се најдоа Мората, Агуеро, Мане, Канте, Погба, Компани, Менди...

Некои од фудбалерите кои се најдоа во овој состав се на подолг, некои на пократок рок во период на рехабилитација.


Ништо послаба не е ниту клупата за резервни фудбалери, каде се најдоа Рохо, Роуз, Дембеле, Фелаини, Ламела, Лалана, Ибрахимовиќ...

Инаку, дербито на колото се игра во сабота каде Ливерпул на домашен терен го пречекува Манчестер јунајтед.