24фудбал

Претседателот на ПСЖ под истрага поради сомнежи за корупција

Скандал околу доделувањето на ТВ правата за Светското првенство во Катар предвидено да се одржи во 2022. година.

Останато

Швајцарското федерално обвинителство покрена истрага против сопственикот на Париз Сент Жермен, Насер Ел Келаифи поради сомневање дека давал а воедно и примал мито во продажбата на ТВ правата за преносите за Светското првенство во Катар кое е предвидено да се одржи во 2022. година.

Во истата истрага ќе биде утврдено дали некогашниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валцке примил мито во случајот на продажбата на ТВ правата на катарската компанија Беин Медија Груп за шампионатите во 2026. односно 2030. година, токму газдата на ПСЖ е извршен директор на Беин.

Се сомневаме дека Валцке добил пари за да овозможи ТВ правата да ги добие токму медиумската групација Беин, и тоа за Светските првенства во 2018, 2022, 2026 и 2030. година, и тоа од Насер Ел Келаифи, кој за возврат, условно речено, ги поделил и ги пренел на други компании за шампионатите во 2026 и 2030. година“ стои во соопштението околу оваа истрага.