24фудбал

РБ Лајпциг се плаши од „пеколот“ на „Жолтиот ѕид“, Вернер од дома ќе го гледа дуелот со Дортмунд

Медиумите од Германија пренесуваат дека Тимо Вернер ќе остане дома за дуелот со Борусија Дортмунд бидејќи пеколната атмосфера на „Жолтиот ѕид“ ќе му направи проблеми на напаѓачот

Германија

Талентираниот Германец, кој со добрите игри го привлече вниманието и на Реал Мадрид, се мачи со незгодна повреда.

Имено, лекарите утврдија дека тој има блокада на мускулите околу вратните пршлени и виличниот зглоб. Се верува дека ова е последица на лактот кој го добил во главата по воздушниот дуел со Хара во финалето на Купот на конфедерации во јули.

Па бучавата му создава големи проблеми, му ја зголемува болката, му предизвикува вртоглавица и го остава без здив.

Тимо Вернер против Бешикташ едвај издржа половина час на теренот поради пеколната атмосфера на Водафон Арена.

По пауза од десетина дена и посета кај престижниот трауматолог, др. Курт Мосетер, напаѓачот изминативе денови тренираше во пресрет на дуелот со Борусија Дортмунд.

Но како што пренесува Билд, РБ Лајпциг одлучил да на смта на својот прв голгетер, и тој од дома ќе ја проследи средбата со „Милионерите“.

Сигнал Идуна Парк е најгласниот стадион во Германија. „Жолтиот ѕид“ на кој има преку 24.000 фанови прави пеколна атмосфера во текот на сите 90 минути, вревата лесно достигнува до 130 децибели, само два помалку од онаа која беше измерена во Истанбул, па „Биковите“ не сакаат да ризикуваат и ќе го поштедат Тимо Вернер.