24фудбал

Се фатија за глава: Роналдо со неверојатен потег го посрамоти Мајорал (ВИДЕО)

Младиот Шпанец се најде како „жртва“ во шевата на дел од фудбалерите на Реал Мадрид.

Шпанија

Кристиано Роналдо дел од своите дриблерски способности ги демонстрира и за време на тренинзите на шпанскиот и европски првак Реал Мадрид, па имаме нова ситуација од многуте кои имавме прилика да ги видиме.

Овој пат голема жртва беше младиот 20 годишен напаѓач Борха Мајорал кому му мина топката низ нозе за време на една шева, а Роналдо тој момент го зачини со одличен потег.