24фудбал

ПСЖ има офанзива од 500 милиони, а против Дижон победа им донесе бек од 7 милиони евра (ВИДЕО)

„Светците“ ова лето потрошија 400 милиони евра за да го креираат еден од најопасните напади во светот на фудбалот, но денеска херој беше Тома Мунје кој е платен скромни 7 милиони

Франција

Единсон Кавани беше поштеден за гостувањето кај Дижион, но ПСЖ изобилува со квалитетни играчи па во офанзивата се најдоа Нејмар, Мбапе, Ди Марија и Дракслер, кои се платени 500 милиони евра.

Сепак, херој на „Светците“ денеска беше десниот бек Тома Мунје, кој е купен за скромни 7 милиони евра.

Белгиецот најпрво еден „отпадок“ го смести во мрежата на домаќините во 71. минута за 0-1, за во 92. минута да се најде на правото место во правото време и да погоди за 1-2, откако Жано изедначи на 1-1 во 87. минута.