24фудбал

Поранешен фудбалер на Лидс „удри“ по Алиоски: Сеедно дали играл за Македонија, не би го одмарал, би го изоставил...

Поранешен фудбалер на тимот од „Еланд Роуд“ воопшто не е задоволен од учинокот на Алиоски во тимот на Лидс.

Македонија

Се чини дека алармот за тревога во англискиот Чемпионшиплигаш Лидс е веќе вклучен, тимот на Шпанецот со данско потекло, Томас Кристиансен викендов го забележа и третиот пораз во низа, а критиките почнаа да се зголемуваат.

Нашиот 25 годишен репрезентативец Езгјан Алиоски не се најде во составот на Лидс против Ридинг, во поразот пред своја публика, минимално со 0-1.

Ситуацијата да биде уште поразочарувачка за Лидс, е фактот што во 92. минута Шпанецот Хернандез промаши од белата точка.

Кристиансен за мечот на „Еланд Роуд“ изминатиов викенд се реши да го одмори нашиот офанзивец кој претходно имаше репрезентативни обврски, таа одлука ја коментираше за момент поранешниот фудбалер на Лидс, Ноел Велан.

Дали имал или не интернационална пауза, јас би го исфрлил него бидејќи неговиот учинок досега во тимот е рамен на нула“ вели Велан за „BBC Radio Leeds“.

Лидс со 20 бода заостанува шест бода зад лидерот на табелата Вулверхемптон, а нашиот офанзивец досега забележа десет настапи за својот нов тим каде премина ова лето, а постигна и еден гол, кој беше прогласен за гол на месецот.


Извор: 

insidefutbol.com