24фудбал

Гол-машината Јаховиќ му нанесе главоболки на Леонардо (ФОТО)

Македонскиот напаѓач заедно со Гомис е на врвот од листата на стрелците на турската Суперлига.

Македонија

Анталијаспор е екипа која воопшто не е за потценување, ако се земе во предвид со какви ѕвезди во тимот располага овој турски Суперлигаш, но тоа не беше никаков застрашувачки детал за Гезтепе кој игра одлично, предводен од македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ кој и викендов блесна.

30 годишниот македонски интернационалец одигра феноменална партија на гостувањето кај Анталијаспор и со два гола го предводеше својот тим до нова победа во тамошниот шампионат со 1-3.

Амбициозната екипа од Анталија во моментов е претпоследна на табелата во Турција, а новиот Суперлигаш Гезтепе на големо изненадување на многумина заостанува само четири бода зад лидерот Галатасарај.

Анталијаспор ги имаше Џуру, Насри, Менез и Ето, но на спротивната страна Гезтепе го имаше Јаховиќ.

Токму швајцарскиот дефанзивец Џуру кој беше најавен како големо засилување за Анталијаспор изминатото лето се најде на удар како во турската, така и во швајцарската јавност. Помеѓу другото, во коментарите не се поштеди ниту Леонардо, кој инаку е поранешен тренер на Милан и Интер, а воедно и поранешен директор на ПСЖ.


Пристигнувањето на поранешниот директор на ПСЖ, Леонардо, не промени ништо во тимот, четврти пораз во осумте натпревари за Џуру и Анталијаспор пишуваат швајцарските медиуми пренесувајќи за изданието на нивниот интернационалец Џуру, а за момент ја прокоментираа и моменталната ситуација во турскиот тим.

Со девет гола, нашиот Јаховиќ е на делба на првото место на листата на стрелците заедно со Бафетимби Гомис од Галатасарај. По нив следат Вагнер Лов од Аланија, односно Бурак Јилмаз од Трабзонспор со по седум погодоци засега.

 

Извор: lematin.ch