24фудбал

„Еден ден си Бог потоа имаш пет грешни додавања и те бркаат од Мадрид“ - Иско објасни како е да се игра за Реал

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско вели дека ситуацијата брзо се менува кога си играч на „Кралевите“, еден ден можеш да бидеш најдобар а веќе следниот најлош

Шпанија

Публиката на Бернабеу има високи стандарди па често можат да се слушнат свирежи, а на тоа имуни не останале ниту најголемите ѕвезди, како Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Карим Бензема.

„Еден ден си Бог а потоа имаш пет грешни додавања и те бркаат од Мадрид – објасни убаво на денешната прес конференција Иско.

„Еден ден сте најдобар, а потоа следниот сте најлош. Јас се обидувам да најдам баланс, ниту премногу да ме критикуваат, ниту пак премногу да ме фалат.

„Колку помалку ме споменуваат, толку подобро. Сакам што помалку да гледам вести и да читам весници.

За Иско ова е петта година во Мадрид, тој долго време се мачеше да се избори за место во првиот тим, а минатата сезона често се говореше и за негово заминвуање.

„Не е лесно да се игра за Реал, постојано треба да се победува и конкуренцијата е огромна. Тука се најдобрите играчи во светот. Без напорна работа немаше да стигнам до ова ниво. Сега играм на мојата омилена позиција, поблиску до голот, а имам и континуитет. Тоа е важно за секој фудбалер со цел да има самодоверба.