24фудбал

Дали оваа изјава на Зидан е „добредојде“ за Кејн во Реал Мадрид?

Еден од најдобрите напаѓачи во светот се чини дека е добредојден во европскиот првак.

Лига на Шампиони

Бранителот на европскиот трон, Реал Мадрид утревечер на домашен терен пред своја публика го пречекува Тотенхем во третото коло од групата „Х“ од Лигата на шампионите.

И двете екипи имаат по две победи, односно над Борусија Дортмунд и АПОЕЛ, а францускиот стратег од клупата на Кралевите, Зинедин Зидан упати низа пофалби за Хари Кејн, кој игра во фантастична форма.

Тој е клучен фудбалер за Тотенхем, премногу е добар во секој аспект, но најдоброто од сее тоа што постојано размислува како да постигне гол. Тој е комплетен фудбалер, иако така не изгледа, но секогаш се појавува онаму каде што е потребно“ рече Зидан.

Во последниов период постојано 24 годишниот Кејн се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид, а на тоа Зидан имаше кус коментар.

Не знам што ќе се случува во иднина...“ додаде Французинот не сакајќи да даде никаков дополнителен коментар на таа тема.