24фудбал

Брианд има момент од мечот против неговиот поранешен клуб, кој сигурно сака да го заборави... (ВИДЕО)

Напаѓачот на францускиот прволигаш Гингамп се мачеше да погоди против својот поранешен клуб.

Франција

Гингамп обезбеди победа од 2-0 над Рен во деветтото коло од француската Лига 1, и тоа со погодоците на Диало и Брианд.

Сепак, од овој натпревар ни пристигнува еден мошне интересен видео детал кој за кратко стана хит на социјалните мрежи.

Брианд направи секако што треба, напаѓачот на домаќините најпрво украде топка, а потоа успешно го мина и противничкиот голман а се што требаше на крајот да направи е да ја смести топката во голот на гостите, токму тоа беше најтешкото затоа што поранешниот фудбалер на Рен загуби рамнотежа и почна да ја губи контролата во трчањето, на крајот не успеа да погоди.