24фудбал

Нејмар за освојување на „Златна Топка“ ќе добие бонус од 3 милиони евра, изгледа многу, но...

Медиумите од Франција пишуваат дека Нејмар од ПСЖ ќе добие 3 милиони евра доколку ја освои „Златната Топка“, сумата на прв поглед изгледа висока но ако се спореди со неговата плата, е смешна

Франција

Бразилецот летоска пристигна во Париз за да излезе од сенката на Лео Меси и да биде лидер на проект.

Покрај тоа што со ПСЖ ќе атакува на сите титули, тој сигурно ќе има поголеми шанси и за престижната индивидуална награда на Франс Фудбал за најдобар играч во сезоната.

Според пишувањата на Ле Паризиен, доколку Нејмар стигне до „Златната Топка“, ПСЖ ќе му исплати бонус од 3 милиони евра. Оваа сума ќе ја добие за секоја ваква награда до крајот на договорот кој истекува во 2022.

Нејмар има 25 години, и зад Меси и Роналдо тој е најсериозен кандидат, па веројатно прашање на време е кога ќе дојде до „Златната Топка“.

Сепак сумата иако на прв поглед изгледа висока, во споредба со неговата плата е смешна.

Бонусот од 3 милиони евра е еднаков на еден месец плата. Доколку во предвид се земе целата должина на договорот, тој на име на плата треба да добие фантастични 180 милиони евра.