24фудбал

Јаховиќ во тимот на колото во турската Суперлига (ФОТО)

Македонскиот бомбардер по четврти пат од осум одиграни кола во Турција со вакво признание.

Македонија

Адис Јаховиќ постигна два гола во победата на Гезтепе на гостувањето кај Анталијаспор со 1-3, а со новиот учинок нашиот напаѓач заедно со Гомис од Галатасарај се двајцата водечки на листата на стрелците по осум кола во турската Суперлига, со по девет погодоци.

Нашиот фудбалер се најде во тимот на колото објавен од страна на турското издание на фудбалскиот портал „Goal“, а ова признание за него е вкупно четврто по осум настапи во Суперлигата.