24фудбал

Мурињо и Лукаку имаат проблем кога играат со „големата шестка“ во Англија

Жозе Мурињо игра очајно на гостувањата кај најдобрите екипи од Англија, а проблеми има и неговиот напаѓач, Ромелу Лукаку.

Англија

По бледото издание во саботата против Ливерпул на Енфилд, англиските медиуми ја извадија статистиката на Жозе Мурињо од мечевите на гостински терен против најдобрите екипи во Премиерлигата.


Мурињо нема победа на гостински терен од почетокот на 2015 година. Веќе 10 натпревари не се вратил насмеан од некое гостување кај екипите од најдобрата шестка. Има пет порази и пет нерешени средби.

Проблеми против најдобрите има и Ромелу Лукаку кој ниту еднаш не ја тресел мрежата на Челси, има само еден гол против Тотенхем, два против Арсенал, три против Јунајтед, нешто подобра му е статистиката против Сити и Ливерпул.