24фудбал

Познати бараж двојките за пласман на Светското првенство во Русија

Денеска беа извлечени паровите за плејофот од европските квалификации за пласман на Светското фудбалско првенство во Русија.

СП 2018

Интересен ќе биде дуелот помеѓу Хрватска и Грција, Италија ќе игра против Шведска, Данска се среќава со Република Ирска, а Северна Ирска ја доби Швајцарија.

Плејоф:

Северна Ирска - Швајцарија

Хрватска - Грција

Данска - Р. Ирска

Шведска - Италија

Првите натпревари се играат од 9. до 11. ноември, реваншите се од 12. до 14. истиот месец.