24фудбал

Медиумите на Островот го налутија Мурињо: Дали ќе потпишам нов договор? Тоа вие најдобро го знаете!

Португалецот во негов препознатлив стил одговори на шпекулациите кои го поврзуваат изминатиов период.

Англија

Манчестер јунајтед утревечер гостува кај Бенфика во Лисабон во третото коло од групата „А“ од Лигата на шампионите, по двата триумфа над Базел и ЦСКА Москва, тимот на Жозе Мурињо сака да ги реши дилемите околу патникот во следната фаза од ова натпреварување.

Сепак, на пресконференцијата во пресрет на утрешниот меч, од португалскиот стратег беше побаран одговор во однос на пишувањата за негова евентуална разделба со клубот и преселба во ПСЖ, а впрочем и за тоа дали ќе потпише нов договор со Манчестер јунајтед, па од него се бараше да ги разреши овие шпекулации.

Мислам дека вие, англиските медиуми го имате одговорот на тоа прашање... Еден ден за мене пишувате дека ќе потпишам нов петгодишен договор вреден 1 милијарда фунти на годишно ниво, наредниот ден ме селите во ПСЖ, тоа е одговорот на вашето прашање“ рече Португалецот.