24фудбал

Реакцијата на Клоп по дебитантскиот гол на Чемберлејн во дресот на Ливерпул (ВИДЕО)

Дури и Чемберлејн се запиша во листата на стрелците во голеадата во Марибор, и тоа благодарение на асистенцијата на Стариџ.

Лига на Шампиони

Ливерпул имаше неверојатна партија на гостувањето кај Марибор во третото коло од групата „Е“ во Лигата на шампионите, а тимот на Јирген Клоп славеше со убедливи 0-7.

Алекс-Окслејд Чемберлејн постојано е мета на критики во англиската јавност поради, за многумина, големите средства вложени во него ова лето по трансферот од Арсенал, а тој вечерва погоди во голеадата на својот тим.

Интересна реакција имаше германскиот стратег кој се чини дека за момент му олесна по голот на репрезентативецот на Гордиот Албион кој го постигна својот дебитантски погодок во дресот на Редсите.