24фудбал

Варан во епизодата „Што ли направив...“ (ФОТО+ВИДЕО)

Камерите ја уловија реакцијата на францускиот дефанзивец при постигнувањето на автоголот.

Лига на Шампиони

Бранителот на европскиот трон, Реал Мадрид се „сопна“ против одличниот Тотенхем кој извлече реми на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“, но останува дилемата дали ќе беше така по ситуацијата во 28. Минута од мечот.

Не дека гостите немаа шанси, имаа, пред сеонаа со глава на Хари Кејн, но таа беше една од ретките на премиерлигашот кој со автогол на Варан стигна до водство во Мадрид.

Пред крајот на првото полувреме израмни Роналдо, а ја бележиме реакцијата на дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан, кого камерите го уловија зачуден во моментите кога топката одеше кон мрежата од неговиот гол...

Еве го и неговиот автогол...